Skip to main content

Информации за плаќање


Драги пријатели

Се надеваме дека уживате во користењето на бесплатниот огласник Интернет Огласник Нашата цел е да бидеме најдобра веб-страница за огласување и пребарување на вашите огласи, реклами, производи и пазарни промоции. За да постигнеме таква амбициозна цел, нашите стандарди на однесување потребно е да бидат на највисокото можно ниво. Ние максимално се вложуваме за да ви овозможиме најлесно и најубаво искуство кога го користите нашиот електронски огласник.

Интернет Огласник нуди бесплатно електронско огласување на огласи, реклами, производи и пазарни промоции, Дополнително на бесплатните услуги, Интернет Огласник нуди платени промоции за подобро промовирање и поголема видливост на вашите огласи, како и можноста за купување на поени кои ќе ги користите во сооднос 1 поен = 1 денар за промовирање на огласи. 

Постојат неколку начини преку кои се извршува плаќање на Интернет Огласник 

  • Плаќање со кредитна или дебитна картичка:

    Ова е најдобриот и најбрзиот начин на плаќање на Интернет Огласник бидејќи плаќањата реализирани преку овој систем се регистрираат веднаш и овозможуваат вашиот промовиран оглас побрзо да биде објавен или вашите поени побрзо да бидат додадени на вашата сметка.

    Интернет Огласник користи најнапредна технологија за да обезбеди сигурност на вашите платежни трансакции и целокупното корисничко искуство. Интернет Огласник користи SSL - Secure Sockets Layer, протокол за безбедност на Интернет заснован на криптирање за да обезбеди приватност, автентификација и интегритет на податоците во интернет комуникациите. Покрај тоа, Интернет Огласник користи порти за плаќање (payment gateway) кои се докажано безбедни. Во согласност со препораките за безбедност на информациите, при плаќање вие ќе бидете префрлени на платформата на платежните системи и вашите податоци од платежната картичка во ниту еден момент нема да бидат на увид или зачувани од страна на Интернет Огласник

  • Плаќање со поени:

    Интернет Огласник ви нуди можност да ја дополните вашата сметка со поени кои можете да ги користите за плаќање при промоција на огласи. Поените имаат вредност од 1 поен = 1 Денар и се одлична можност за функционирање на компании или физички лица кои имаат потреба за почесто промовирање на огласи или користат други видови на платени услуги на Интернет Огласник. Поените не застаруваат и можат да бидат искористени во било кој период се додека вашата сметка на Интернет Огласник е активна. Поените може да се надополнат со купување на еден од понудените пакети со поени. Начините за плаќање при купување на поени се со употреба на Кредитна/Дебитна картичка или со Уплатница со банкарски трансфер. Со употреба на поени при плаќање на Интернет Огласник се заштедува време и ресурси.

Поврзано со процесите за плаќање на Интернет Огласник ве молиме прочитајте ги Условите за употреба и Политиката за приватност.

Ваши пријатели,

Андромеда Аналитика