Услови за употреба
Драги пријатели
Тука можете да прочитате за Условите за употреба кои се применуваат на нашата веб-страница. За сите дополнителни прашања можете да не контактирате преку нашата КОНТАКТ форма. Доколку продолжите со користење на Интернет Огласник, ќе сметаме дека ги прифаќате овие Услови за употреба:
# 1: Нашата цел
Се надеваме дека уживате во користењето на Интернет Огласник. Нашата цел е да бидеме најдобра веб-страница за огласување и пребарување на вашите огласи, реклами, производи и пазарни промоции. За да постигнеме таква амбициозна цел, нашите стандарди на однесување потребно е да бидат на највисокото можно ниво. Ние максимално се вложуваме за да ви овозможиме најлесно и најубаво искуство кога го користите нашиот електронски огласник.
Со пристапување до www.internetoglasnik.com/mk и неговите поврзани веб-страници, домени, поддомени, услуги, апликации или алатки (колективно наречени „Интернет Огласник“) се согласувате со следниве услови, кои се дизајнирани за да се осигураме дека Интернет Огласник ќе работи за секого. Интернет Огласник ви го овозможува Andromeda Analytics. Овие Услови за употреба претставуваат правно обврзувачки договор помеѓу вас и Andromeda Analytics и се во употреба од 1 јануари 2023 година за тековните корисници и по прифаќањето на условите за сите нови корисници. Вие ги прифаќате Условите за употреба со прифаќање на копчето „Услови за употреба“, при регистрирање корисничка сметка (Профил) на Интернет Огласник и со пристапување на Интернет Огласник на било кој друг начин, вклучително и објавување на оглас; или поинаку наведено на Интернет Огласник.
# 2: Кој управува со Интернет Огласник
Интернет Огласник е заштитена трговска марка на Andromeda Analytics. За било какви информации во врска со работата на Интернет Огласник, ве молиме проследете ги вашите прашања преку КОНТАКТ веб-формата.
Сите сторители кои ќе ги повредат авторските права на Andromeda Analytics ќе бидат пријавени и гонети од одговорните државни институции.
# 3: Услови за употреба на Интернет Огласник се:
Заштита на вашата приватност и вашите податоци
Нашата најважна задача е да ја заштитиме вашата приватност и да овозможиме безбедност за вашите податоци кога го користите Интернет Огласник за додавање огласи, реклами или за користење во форма на пазар, реклама за вашиот бизнис и слично. Ние се обврзуваме на највисоките стандарди според домашните законски прописи, како и на меѓународните стандарди.
Кога користите Интернет Огласник за да објавувате огласи, реклами или вршите пазарна продажба, потребно е да регистрирате корисничка сметка (Профил). По успешното регистрирање на вашата корисничка сметка, вие ги прифаќате Условите за употреба за да ја користите нашата веб-страница. Со цел да обезбедиме висококвалитетна услуга за вас, од вас можеби ќе ги прибереме следниве податоци: Име, презиме, е-пошта, телефонски број, живеалиште и /или деловна локација, фотографија и IP адреса. Andromeda Analytics ќе ги користи овие податоци за своја комерцијална цел со цел да ги анализира потребите на клиентите, да ги подобри моменталните и да развие нови услуги и понуди, да ги подобри активностите за маркетинг и рекламирање и да ви обезбеди најдобро искуство при користење на веб-страниците и производите на Andromeda Analytics. Ние нема да ги откриеме вашите лични информации на ниту една трета странка, освен ако тоа не го побараат правните институции, или пак доколку е потребно да ги испочитуваме нашите законски обврски, да ги спроведеме нашите Услови за употреба или да спречиме, откриеме и истражиме лажни или незаконски активности поврзани со нашите услуги. Ние се обидуваме да го минимизираме количеството на лични информации кои ги споделуваме на само она што е директно релевантно и потребно за да се постигне одредената цел. Ние не ги продаваме, изнајмуваме, или на друг начин откриваме вашите лични информации на трети страни за нивни маркетинг и рекламни цели без ваша согласност. Секогаш ќе имате можност да побарате конечно бришење на вашите податоци од наша страна. Ве молиме, испратете го вашето барање за бришење на
Доколку увидите дека вашите лични податоци биле злоупотребени во било каква форма или за било какво нарушување на безбедноста на нашите системи, веднаш известете на
Во случај на било каква повреда на законите, компанијата Andromeda Analytics како сопственик и оператор на Интернет Огласник и нивното одговорно лице ќе ги известат домашните правни органи и ќе соработуваат со целосна транспарентност. Вашите лични податоци може да бидат пренесени или да постанат предмет на разгледување од правните органи во согласност со законските прописи.
# 4: Квалитет на услугата
Интернет Огласник функционира во дигиталниот свет, но сепак зависи и од реалниот (физички) свет поради потребната електрична енергија, стабилноста на системите, работната сила и сл. Затоа, ниту една услуга не може да се обезбеди 100% во текот на цело време, потребни се извесни временски периоди за одржување на системите на кои функционира Интернет Огласник, за проверка на процедурите за работење и за обновување на системите и процесите откако ќе настапи поголема природна или вештачка катастрофа. Интернет Огласник обезбедува 24/7 услуга на своите клиенти со вкупна достапна оперативност поголема од 95% во текот на период од 12 месеци.
Исклучоци: Било какви периоди на ограничен пристап до услугите на Интернет Огласник заради ажурирање, редовно сервисирање или поправка на оперативните системи или неможноста да се обезбеди услуга поради причини кои се вон силата на Интернет Огласник да делува (како што се природни или вештачки катастрофи, ограничување на услуги од трети страни, војна, акти на насилство) нема да се смета за ограничен пристап или период на недостапна оперативност на услугите во период од 12 месеци. Доколку некои податоци се изгубат или корисничките сметки (профили) се избришат заради техничка неисправност или поради виша сила, Andromeda Analytics и нејзините одговорни лица нема да бидат земени за одоговорни за настанатата ситуација.
# 5: Плаќање
Интернет Огласник користи најнапредна технологија за да обезбеди сигурност на вашите платежни трансакции и целокупното корисничко искуство. Интернет Огласник користи SSL - Secure Sockets Layer, протокол за безбедност на Интернет заснован на криптирање за да обезбеди приватност, автентификација и интегритет на податоците во интернет комуникациите. Покрај тоа, Интернет Огласник користи порти за плаќање (payment gateway) кои се докажано безбедни, со што ви се овозможува најдобро искуство во прелистување и користење на електронскиот огласник.
Доколку воочите проблем со наплатата на вашата сметка, ве молиме испратете порака до
Бидејќи услугата која ја нуди Интернет Огласник за промоција на огласи се активира веднаш по наплатата, ние не нудиме поврат на средствата, освен доколку ние ја немаме извршено нашата услуга или сме одбиле да ја извршиме услугата. Во тој случај ќе понудиме поврат на средствата или ќе ви понудиме алтернатива во зависност од вашите насоки како да постапиме.
# 6: Регистрација на корисничка сметка
Регистрацијата на корисничка сметка е бесплатна. Регистрацијата на корисничката сметка се прави со следење и извршување на потребните чекори. Верификацијата за човечки фактор е задолжителна на начин како што е предложен од Интернет Огласник. Треба да бидете регистрирани и најавени на Интернет Огласник за да објавите оглас (оглас, реклама или производ). Објавувањето огласи е бесплатно. За објавување на поголема количина на огласи, Интернет Огласник нуди неколку премиум платени пакети. Било какви дополнителни услуги и промоции на огласи, реклами, производи, пазарни продажби и слично, се плаќаат во согласност со ценовникот на Интернет Огласник.
Ако корисничката сметка е неактивна за период од 24 месеци, Интернет Огласник има право да ја избрише.
Кога користите Интернет Огласник ја користите најновата технологија што се применува на веб-страниците со електронски огласи. Можеби од вас ќе биде побарано да дадете согласност за функционирање на одредени софтверски елементи со цел подобра услуга за вас. Доколку вашиот компјутерски или мобилен софтвер не е ажуриран, можеби нема да успеете целосно да ги користите услугите овозможени од Интернет Огласник.
# 7: Општи правила за употреба
На Интернет Огласник сакаме да се осигураме дека страницата е чиста, пријателска и употреблива за секого. Огласите, рекламите, текстовите, производите и други пазарни промоции кои не ги почитуваат правилата за објавување може да бидат отстранети од веб-страницата.
Вие сте целосно одговорни за сите информации што ги доставувате до Интернет Огласник и за сите последици што можат да произлезат од вашата објава. Го задржуваме правото, а во наша дискреција, да одбиеме или избришеме содржина за која сметаме дека е несоодветна или ги прекршува нашите Услови за употреба. Ние, исто така, го задржуваме правото, а во наша дискреција, да суспендираме привремено или трајно регистриран корисник (профил) на страницата или да одбиеме регистрација на корисник.
# 8: Ве молиме да ги имате во предвид следниве правила при објавување на огласи:
- Корисниците треба да ги почитуваат сите законски прописи и не смеат да прекршуваат или да придонесуваат во прекршување на законските прописи;
- Корисниците не смеат да објавуваат заканувачки, навредлив, клеветнички или непристоен материјал;
- Корисниците не смеат да објавуваат или на друг начин да пренесуваат каков било лажен или погрешен материјал или порака;
- Корисниците не смеат да повредат или загрозат права на трети лица;
- Корисниците не смеат да спамираат со пораки, измамнички писма или да промовираат пирамидални шеми;
- Корисниците не смеат да дистрибуираат компјутерски вируси или какви било други технологии што можат да му наштетат на Интернет Огласник или на интересите и/или имотот на корисниците на Интернет Огласник;
- Забрането е да се наметнува или придонесува во наметнување на неразумен интернет сообраќај на нашата инфраструктура или било какво мешање во правилното работење на Интернет Огласник;
- Забрането е копирање, изменување или дистрибуирање на содржината на било кое лице без нивна согласност;
- Забрането е користење било какви автоматизирани средства и софтвери за пристап до Интернет Огласник и прибирање на содржина и податоци за било каква цел без наше јасно писмено одобрение;
- Забрането е прибирање или на друг начин собирање информации за други лица, вклучително и е-адреси, без согласност од лицата;
- Забрането е копирање, менување или дистрибуција на права или содржина од Интернет Огласник или авторските права и трговските марки на Andromeda Analytics;
- Забрането е да се заобиколат мерките што се користат за спречување или ограничување на пристапот до Интернет Огласник;
- Не е дозволено да се користи ниту една алатка што го попречува нормалното функционирање на Интернет Огласник;
- Забрането е продавање на фалсификувани предмети или на друг начин повреда на авторските права, трговските марки или други права на трети лица;
- Не се дозволени злонамерни огласи или клевети на страницата;
- Не се дозволени нелегални предмети или услуги на Интернет Огласник;
- Не се дозволени огласи што содржат експлицитни содржини наменети само за возрасни;
- Не се дозволени огласи за лични контакти;
- Сите реклами треба да бидат објавени во најсоодветната категорија.
- Секој оглас, реклама, производ, порака или пазарна промоција треба да биде објавена на страницата само еднаш. Дупликати и спам реклами не се дозволени;
- Секој оглас, реклама, производ, порака или пазарна промоција треба да содржи само една ставка. Повеќе ставки треба да бидат наведени во одделни објави, со исклучок на објавите за продажба на покуќнина и рекламите за работни позиции со повеќе отворени позиции;
- Предметите објавени за продажба треба да ја содржат цената во рамките на огласот;
- URL-адресите треба да бидат внесени во полето URL, а не во описот на огласот;
- Корисниците треба да ги внесат своите податоци за контакт во точните полиња во рамките на нивните огласи. Додавањето на овие детали во описот на огласот, фотографиите или насловот не е дозволено;
- Не е дозволено додавање лажни или невалидни телефонски броеви. Додавањето на телефонски број во вашито оглас е опционално. Ако не сакате да додадете, оставете го полето празно;
- Не е дозволено спамирање со клучни зборови (вклучително и многу незначајни зборови во вашиот оглас) за манипулирање со пребарувањата;
- Интернет Огласник не дозволува дискриминација од било каков вид;
- Не е дозволен навредлив јазик, говор на омраза или било какви вулгарности;
- Продадените предмети и другите огласи што веќе не се достапни треба да ги избрише корисникот што ги објавил;
- Сите предмети и услуги мора да бидат лоцирани во Македонија, освен ако не рекламирате личен имот во странство, во тој случај мора да биде објавен во Категорија на Недвижности> Поткатегорија: Во странство;
- Не се дозволени реклами во кои се наведува дека не се прифаќа готовина, освен ако не е наведено дека огласениот предмет е бесплатен и за подарување,
- Не се дозволени огласи, реклами, производи и пазарна промоции во кои се наведува дека предметот не е можно да се види или дека неможе да се подигне лично;
- Огласување на производи кои ги немате на располагање е недезволиво. Сите предмети мора да бидат во распоалгање на огласувачот пред да бидат објавени.
- Сите огласи треба да бидат објавени на македонски јазик. Покрај македонскиот текст на огласот, дозволено е да се има дополнителен превод на друг јазик во описот на огласот.
# 9: Колачиња и слични технологии
Кога ги посетувате и користите нашите веб-страници, услуги, апликации, алатки или пораки, ние или нашите овластени даватели на услуги може да користиме колачиња (cookies) и други слични технологии за да ви овозможиме подобра, побрза и побезбедна услуга и искуство за огласување, рекламирање, пазарење и маркетинг.
# 10: Одговорност за сопствените постапки
Вие сте целосно одговорни за сите информации што ги доставувате до Интернет Огласник и за сите последици што може да произлезат од вашата објава. Го задржуваме правото, според наша дискреција, да одбиеме или избришеме содржина за која сметаме дека е несоодветна или ги прекршува горенаведените Услови за употреба. Ние, исто така, го задржуваме правото, според наша дискреција, на корисник да ограничиме привремено или трајно пристап до услуги и користење на Интернет Огласник или да одбиеме регистрација на корисник. Ако увидиме или се сомневаме дека ги прекршувате овие Услови за употреба на било кој начин и /или се однесувате сомнително и несоодветно на Интернет Огласник, можеме, според наше дискреционо право, да ги информираме другите корисници на Интернет Огласник кои биле во контакт со вас и да им препорачаме да внимаваат.
# 11: Одговорност
Ништо во овие Услови за употреба нема да ја ограничи нашата одговорност за лажно и погрешно претставување или за смрт или лична повреда како резултат на наша небрежност или небрежност на нашите агенти или вработени. Вие се согласувате да нѐ не сметате за одговорни за работите што другите корисници ги објавуваат или прават.
Ние користиме автоматизиран систем за проверка на објавите на корисниците и не сме вклучени во реалните трансакции помеѓу корисниците. Бидејќи најголемиот дел од содржината на Интернет Огласник доаѓа од други корисници, ние не гарантираме точност на објавите или корисничките контакти, безбедноста или законитоста на понуденото.
Во никој случај не прифаќаме одговорност за огласи во кои има било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички или непристојни информации или материјал од каков било вид што ги навредува или прекршува правата на било кое друго лице, вклучително и без ограничување секаков тип на однесување кое поттикнува или охрабрува постапки што би претставувале кривично дело, можат да предизвикаат граѓанска непослушност или на друг начин да прекршат законски прописи.
Вие, нѝ дозволувате, дека не можеме да гарантираме постојан, без грешки или целосно безбеден пристап до нашите услуги или дека дефектите во услугите секогаш навремено ќе бидат исправени. Иаку, од наша страна секогаш ќе вложуваме максимални разумни напори за одржување на непрекината услуга, ние сепак, не можеме да го гарантираме ова и не даваме никакви ветувања или гаранции (без оглед дали се изричито пишани или имплицитни) за работата и достапноста на нашите страници, услуги, апликации или алатки.
Со почит,
Интернет Огласник