Skip to main content
реклама

ДОТ Архитекти Гроуп има потреба од: Градежен инж

Додади во омилени

Контакт

  • Име:
    Славица
  • Тел:
    078339052


  • Број на оглас: 12672
  • Прикажан: 885
  • Обновен: 09:41 10-06-2024
реклама

Детали за огласот

  • Дејност:
    Останато
  • Тип на работа:
    Полно работно време
  • Период на плаќање:
    Месец
  • Број на позиции:
    1
  • Потребно искуство:
    Повеќе од 9 години
  • Познавање на јазици:
    Македонски, Англиски
  • Возачка дозвола:
    Автомобили
  • Образование:
    Високо образование

Краток опис

ДОТ Архитекти Гроуп има потреба од: Градежен инженер за изведба

Опис на огласот

ДОТ Архитекти Гроуп има потреба од:
Градежен инженер за изведба

Обврски и одговорности:
- Изработка на техничка документација за изградба на патна инфраструктура
- Координација и надзор на градежни активности на градилиште придржувајќи се до проектните планови, спецификации и распореди
- Контролирање на градежни книги и градежни дневници
- Спроведување на целокупниот градежен процес и принципите за управување со проекти, вклучително градежни прописи и безбедносни стандарди
- Следење и применување на позитивните законски и подзаконски прописи од областа на градежништвото, како и обезбедување на почитување на сите стандарди од областа на безбедноста и здравје при работа

Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома од Градежен факултет – Нискоградба
- Поседување на соодветно Овластување за изработка на техничка документација и изведба
- Работно искуство од најмалку десет (10) години како опреативен инженер на градилиште
- Одлично познавање на MS Office пакет, AutoCAD, ArchiCAD, Sketch Up, V-Ray
- Познавање на англиски јазик
- Поседување возачка дозвола Б категорија

Потребни вештини:
- Вештина во организирање на ресурси и воспоставување на приоритети, подготвеност за работа во дадени рокови
- Одлични организациски и аналитички способности, ориентираност кон наоѓање на решенија
- Посветеност, лојалност и одговорност
- Работа во тим и работа под притисок
- Флексибилност и способност за работа во динамично опкружување

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на: contact@dotarhitekti.com.mk

Локација

Bul. Ilinden 138, Skopje
Општина Карпош
Скопје
Македонија
Промовирано
реклама
реклама