На овој ден во историјата - 10 Мај
На 10 мај 1921 година автомобилската компанија Форд (Ford Motors) постигна рекорд со производство на 4072 возила во еден ден.
Интересно е што во претходната 1920 година компанијата Форд привремено ја затвори фабриката и производството на возила поради мала побарувачка. Веќе во 1921 година, по реструктурирање на трошоците и системот за производство, Форд започна да руши рекорди со производство на 4072 возила во еден ден и преку 1 милион возила во текот на целата 1921 година. Во 1922 година компанијата Форд ја откупи автомобилската компанија Линколн.
Првото лого на компанијата Форд
Ford Motor Company е американски производител на автомобили, петти по големина во светот врз основа на продажбата на возила во светот. Со седиште во Дирборн, Мичиген, предградие на Детроит, компанијата е основана од Хенри Форд на 16 јуни 1903 година. Компанијата Форд ќе стане една од најголемите и најпрофитабилните компании во светот, како и една од малкуте кои ќе ја преживеат економската голема депресија од 1920-тите години. Ford Motor Company е во постојана корпоративнa контрола од страна на едно семејство повеќе од 110 години. Форд сега опфаќа две марки: Форд и Линколн, а во минатото ги има поседувано и следниве 5 други луксузни брендови: Volvo, Land Rover, Jaguar, Aston Martin и Mercury. Со текот на времето, тие брендови се продадени на други компании, а Mercury е прекинат со производство.
Форд Мустанг
Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласите. Market7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.
Право на споделување
Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.
Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.