Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Како започна производството на фармерки?

Број на прегледи: 1238
Levi's logo Levi's logo
Реклама

На 20 мај 1873 година Леви Штраус (Levi Strauss) и Џејкоб Давис (Jacob Davis) го добија својот одобрен патентиран изум во САД за производство на плави фармерки со бакарни нитни.

Леви Штраус бил познат трговец со ткаенина и платна во текот на 19 век во  Соединетите Американски Држави. Во истиот период, постоел и еден помал трговец со име Џејкоб Давис, кој пред се бил познат кројач кој текстилот го набавувал од Леви Штраус.

Познатиот кројач Џејкоб Давис по нарачка од локални дрвосечачи требало да изработи квалитетни и цврсти работни панталони кои ќе може да издржат постојано триење и абење, а притоа платното да не се кине. Кројачот Џејкоб успеал да скрои вакви панталони од густо предено памучно платно, а слабите точки кај џебовите и на други делови од панталоните ги зајакнал со бакарни нитни. Пофалбите за квалитетно изработените работни панталони брзо се рашириле и во скоро време порачките за вакви работни панталони брзо пораснале и веќе било потребно нивно индустриско производство. Џејкоб Давис влегол во партнерство во Леви Штраус, од кого набавувал материјали за кроење, и заедно го патентирале производот. Компанијата на Леви Штраус со име Levi’s ги произведувала овие работни панталони, а во својата линија на производство додале и други типови на работни облеки.

Levi's женски фармерки

 

Во текот на следните неколку децении, културата и модните навики кај потрошувачите ќе се променат и луѓето постепено ќе започнат да носат фармерки како дел од својата секојдневна гардероба. Густо преденото платно од кое се произведуваат фармерките и денес се употребува за производство на цврсти работни панталони, а со напредокот на технологијата денес се произведува и слично платно но, со многу помала тежина, кое се употребува за производство на секојдневни парчиња гардероба кои ги носат сите генерации на луѓе.

Levi's различни типови на машка гардероба

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на објавени огласи. Доколку имате возила, недвижности или други предмети за огласување, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама