Возачи прочитајте: Законската обврска за зимска опрема за возилата започнува на 15 ноември
Можеби времето надвор е сеуште далеку од минусни температури, но како и секоја година од 15 ноември стапува на сила законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе биде на сила до 15 март 2024 година.
Кои работи треба да ги знаете и што треба да направите за да бидете во согласност со законските прописи?
Согласно Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година):
- Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
- Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:
- зимски пневматици на сите четири тркала,со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
- Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:
- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;
- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
Кои други дополнителни подготовки можете да ги преземете за да бидете подобро подготвени за зимската сезона и можно лошо време на патиштата.
Секогаш имајте во вашето возило:
- течности за пиење
- храна која може да стои подолго време и не е потребна подготовка за да се конзумира
- големо ќебе за покривање
- ракавици
- чизми
- лопатка
- полнач за мобилен за во автомобил
Не е препорачливо да се вози во лоши временски услови. Но, доколку треба да возите бидете добро подготвени и имајте доволно гориво во резервоарот на возилото.
Интернет Огласник ја подготви оваа вест со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Интернет Огласник можете да најдете голем број на огласи за сите видови на возила. Доколку имате ваши понуди за возила, истите можете бесплатно да ги огласите. Интернет Огласник е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.
Право на споделување
Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.
Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.