Skip to main content
| Internet Oglasnik | Blog

Честит празник Свети Климент Охридски

Број на прегледи: 1193
Реклама

Денес го чествуваме Св. Климент Охридски! Честит празник и за многу години нека е.

Свети Климент Охридски е роден околу 840 година, а починал на 27 јули 916 година во Охрид. Тој е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавањето на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои народи се смета за покровител на образованието и јазикот.

Денес Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква. Во чест на светецот, во Македонија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така универзитетот во Битола и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.

Ви пожелуваме пријатни празнични моменти со вашето семејство и блиски.

Интернет Огласник

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Промовирани

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама