Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

Повеќе одобренија за градење во месец октомври

Број на прегледи: 1496
Реклама

Во октомври 2021 година се издадени 509 одобренија за градење, што е за 88.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

 

Во однос на претходниот месец - септември од 2021 година кога се издадени 318 одобренија за градење, во октомври имаме зголемување за плус 191 одобрение.

 

 

Според издадените одобренија за градење во октомври 2021 година, предвидената вредност на објектите изнесува 9 719 076 илјади денари, што е за 155.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 321 (63.1%) се наменети за објекти од високоградба, 57 (11.2%) за објекти од нискоградба и 131 (25.7%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 509 објекти, на 299 (58.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 210 (41.3%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 2 311 станови, со вкупна корисна површина од 164 243 м2 .

 

 

Во последните 24 месеци, сведоци сме на зголемување на цените на недвижностите во просек од 30% до 50% во зависност од локацијата и состојбата на имотот. Ова зголемување се должи на повисоките цени на увозните градежни материјали, потоа поради недостатокот на работна сила во градежништвото, а и поради помалиот број на издадени одобренија за градење.

Зголемувањето на бројот на одобренија за изградба на нови градби и реконструкција на постојните ќе ја зголеми понудата на станови, куќи и деловен простор на пазарот на недвижности со што ќе се придонесе за намалување на растот или стабилизирање на цените на недвижностите.

 

Market7.mk ја подготви оваа вест со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. Market7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат. На следниов линк ТУКА можете да погледнете огласи за недвижности објавени на Market7.mk

При подготовка на ова соопштение користени се податоци од Државниот завод за статистика

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама