Skip to main content
| Market7.mk - Oglasnik | Blog

На овој ден во историјата - 4 Мај

Број на прегледи: 904
SEAT Toledo MK2 SEAT Toledo MK2
Реклама

На 4 Мај 1991 година SEAT Toledo го имаше своето претставување на саемот за автомобили во Барселона, Шпанија.

 

Оваа прва верзија на SEAT Toledo (тип: Typ 1L) e промовирана како седан возило со пет врати, бидејќи багажникот се отвора заедно со задното стакло и истото се смета како петта врата, а се продавала во периодот од 1991 до 1999 година. Значајно за оваа генерација на Toledo било дека ова е првиот автомобил под марката на SEAT кој целосно бил развиен под сопственост на Volkswagen групацијата. Овој модел на Толедо е изграден врз основа на платформата и технологијата од Golf Mk2 (познат како Голф 2) на Волксваген, со багажник од 550 литри што може да се прошири до 1360 литри при преклопување на задните седишта. SEAT Toledo има сличности по форма и големина со Volkswagen Jetta / Vento од тие години.

Во однос на пазарната понуда, SEAT Toledo е рекламиран како семеен автомобил поради неговата вкупна должина и големината на багажникот. Започнал да се продава во 1991 година, а во својата понуда вклучувал мотори на бензин и дизел гориво. Волксваген групацијата врз основа на успехот на првичниот модел Toledo ќе развие уште 3 нови модели низ текот на годините, а заклучно со 2020 година е прекината продажбата на SEAT Toledo. Овој модел ќе го наследат другите модели од понудата на SEAT.

 

Market7.mk го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На Market7.mk можете на најдете голем број на огласи за продажба на возила. Доколку имате возила за продажба, истите можете бесплатно да ги огласитеMarket7.mk е бесплатен интернет огласник каде продавачите и купувачите се среќаваат.

Реклама

Право на споделување

Интернет Огласник го подготви овој текст со цел подобро информирање на своите корисници за актуелни теми. На InternetOglasnik.com можете да најдете голем број на огласи. Интернет Огласник е бесплатен огласник кадешто продавачите и купувачите се среќаваат.

Овој текст, вклучувајќи ги сите слики, графикони и инфографици може да се споделуваат за комерцијални и непрофитни цели. Единствено, потребно е да го споменете изворот и да додадете линк во вашата објава до оваа страница.

Реклама

Најнови текстови на Интернет Огласник

реклама
Реклама

Реклама